Новиот претседател на Барселона, Хоан Лапорта, веднаш откако беше избран на новата функција, истакна дека ќе разговара со првата ѕвезда Лионел Меси и ќе се обиде да го убеди да остане.
„Утре, по добредојде на клупскиот персонал, ќе го повикам Меси. Дали ќе успеам да го убедам да остане? Од него зависи. Ќе дадам се од себе за да остане, имајќи ги предвид економските можности на клубот“, изјави синоќа Лапорта.
Тој на вчерашните претседателски избори освои 54,28 проценти од гласовите. Второто место му припадна на Виктор Фонт (29,99). Ентони Фреиш е на третата позиција (8,58).
Договорот на 33-годишниот Лионел Меси истекува на 30 јуни 2021 година. Оваа сезона тој одигра 34 натпревари за Барселона и постигна 24 погодоци и 11 асистенции.
Хоан Лапорта ја извршуваше претседателската функција во Барселона и во минатото, од 2003 до 2010 година, и тоа многу успешно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













