Connect with us

Лапорта: Не се планирани зимски засилувања за Барселона

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, призна дека Каталонците повторно заостануваат во однос на финансискиот фер-плеј, бидејќи им се потребни 26 милиони евра за да ги избалансираат клупските финансии. Поради тоа и Лионел Меси мораше да замине од „Камп Ноу“.


„Морав да ги ставам интересите на Барселона над најдобриот играч во историјата на фудбалот. За време на економскиот колапс немав можност да го задржам. Мислам дека тоа беше најдобрата одлука за клубот. Сега тој е играч на ПСЖ, јас повеќе сакам да не зборувам за него. Фокусирани сме на Барса. Лионел секогаш ќе биде дел од нашиот клуб, би сакал да заврши поинаку. Има неколку опции, но би било погрешно да се зборува за тоа сега. Сè уште сме во контакт. Плачев од среќа кога Меси го освои Светското првенство. Знам дека тоа му беше многу важно на Лео“, изјави Лапорта за шпанското радио.

Тој повтори дека освојувањето на Ла Лига е приоритет број 1 за Барса.

„Сакаме што повеќе трофеи, но Ла Лига е најважна. Имаме постојани разговори со Чави, разговараме за сѐ. Фокусирани сме на освојување на шампионатот и имаме тим да го постигнеме тоа и без нови засилувања“, истакна претседателот на Барса.

Лапорта коментираше за зимскиот преоден рок.

„Нема да има трансфери доколку не се случи нешто неочекувано. Ја завршивме нашата работа летото и тренерот е среќен. Осман Дембеле не е на продажба. Тој е еден од нашите најважни играчи. Ансу Фати исто така не е на продажба. Нема да дадеме 80 милиони евра за Бернардо Силва. Халанд? Тој е играч на Манчестер Сити. Го имаме Левандовски на кој во моментов му оди многу добро“, изјави Лапорта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови