Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, излезе пред јавноста по „трагедијата“ што го снајде клубот и заминувањето на најголемиот фудбалер во клупската историја, Лионел Меси. Поради долговите и минималниот вакуум за дејствување во клупскиот буџет, Барселона не може да го регистрира Меси за следната сезона и тој ќе мора да го напушти „Камп Ноу“.
„Сторивме се што беше во наша моќ за да оствариме договор со Лионел Меси. И тој покажа огромна желба да остане во Барселона, но Ла Лига не дозволи да го лиценцираме како фудбалер. Едноставно, Барселона во моментот нема никаков простор за делување поради тоа што клубот од претходно е доведен во ваква позиција. За жал, завршува една ера, Лионел Меси е најголемиот фудбалер во клупската историја, но ќе мораме да продолжиме без него. Тажни сме сите, но знам и дека направивме се што можевме за интересите на клубот“, изјави Хоан Лапорта на денешната прес – конференција.
Лионел Меси се сложи и на преполовување на платата, меѓутоа ниту на таков начин Ла Лига не дозволи тој да биде лиценциран. Барселона не го исполни основниот услов, да продаде фудбалери и да ослободи место во буџетот за лиценцирање на својот најдобар фудбалер во историјата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski