Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека клубот ќе направи сѐ Жоао Кансело и Жоао Феликс да бидат постојани членови на тимот на Чави.
Португалците се на позајмица од Манчестер Сити и од Атлетико Мадрид, а Лапорта тврди дека клубот наскоро планира да започне преговори околу нивно откупување.
„И Кансело и Феликс покажаа дека имаат иднина во клубот и дека сакаат да останат дел од Барселона, а исто така и ние. Имаме одлични односи со Атлетико Мадрид и со Манчестер Сити и наскоро ќе започнеме преговори за нивно откупување“, изјави Лапорта.
Веќе неколку недели се шпекулира дека Барселона ќе понуди околу 25 милиони евра за Кансело, бидејќи Пеп Гвардиола целосно го избриша, додека сумата за Феликс ќе биде значително поголема.
Сепак, не е невозможно Жоао Феликс да остане на позајмица уште една сезона со задолжителен откуп во 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













