
Ланре Кехинде е најновото засилување за македоонскиот шампион Струга Трим Лум кој одработи одличен трансфер период со вкупно девет нови фудбалери кои имаат сериозно значење во нашиот домашен фудбал.
Струга Трим Лум потпиша со напаѓачот Ланре Кехинде, кој минатата сезона беше дел од Гостивар. Нигериецот потпиша едногодишен договор.
Кехинде главно игра како централен напаѓач, но исто така може да игра и на десната страна на нападот. Минатата сезона во Првата лига постигна 12 гола и имаше пет асистенции во 23 натпревари, помагајќи му на Гостивар да се пласира на шестото место.
Струга Трим Лум беше многу активна во овој трансфер период, што резултираше со евет нови засилувања. Сè започна со ангажманот на голманот Филип Дујмовиќ, а за конкуренцијата да биде на ниво, потоа е донесен уште еден голман, Христијан Стевковски.
Бојан Илиевски и Масааки Такахара беа следните имиња. Следуваше Стефан Јефтовски, кој игра како последен играч за врска, исто како и Стефан Спировски, кој е едно од најзвучните засилувања, заедно со дефанзивецот Кире Ристевски.
Овие две последни имиња заедно имаат 115 настапи за македонската репрезентација, и сигурно нивното искуство ќе биде од голема помош за Струга ТЛ, кој исто така го ангажираше и офанзивниот играч за врска, Арби Воша.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
