Connect with us

Лајпциг тргна со победа и со црвен картон, Елмас остана на клупата (ВИДЕО)

Лајпциг со триумф од 1-0 ја стартуваше новата сезона во Бундес – лигата. На домашен терен го совлада Бохум, а стрелец беше новото засилување Антонио Нуса во 59. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата за резерви кај Лајпциг, а истата судбина ја имаше и Агон Елези во тимот на Бохум.

Лајпциг од 85. минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Вили Орбан, кој доби црвен картон поради груб старт.

Фрајбург го совлада Штутгарт со 3-1, а Хофенхајм беше подобар од Холштајн Кил и славеше со 3-2. Аугсбург и Вердер ремизираа 2-2, а по еден поделија и Мајнц и Унион Берлин (1-1).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови