Голманот на Лајпциг, Петер Гулаши, заработи тешка повреда на коленото во победата од 3-1 против Селтик во Лигата на шампионите и ќе отсуствува најмалку неколку месеци.
„Нашиот капитен се здоби со скинати вкрстени лигаменти на десното колено и ќе биде надвор од терените подолг период. Во наредните денови ќе бидат извршени дополнителни прегледи за да се утврди точната големина на штетата“, објави Лајпциг.
Унгарскиот интернационалец се повреди на самиот почеток од натпреварот и долго време добиваше лекарска помош. На негово место дојде Јанис Бласвич, кој ќе биде нов стартер на голот.
„Болно е да се изгуби Петер. Тој е капитен и карпа во одбраната на Лајпциг“, изјави по мечот, тренерот Марко Розе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













