Најдобриот фудбалер во Африка и шампион на „Црниот континент“ со Сенегал, Садио Мане, ќе го пропушти Светското првенство во Катар, пренесува угледниот „Л’Екип“.
Еден од најдобрите светски фудбалери се повреди вчера на натпреварот од германската Бундес лига во кој неговиот Баерн победи против Вердер Бремен со 6:1.
По 15 минути Мане се пожали на повреда, легна на теренот на „Алијанц Арена“ и побара замена од тренерот Нагелсман.
Сите во Сенегал се надеваа дека се ќе биде во ред со капитенот, но излезе дека тој се здоби со повреда на тетивата и поради тоа Мане ќе мора да го пропушти најголемиот фудбалски настан на светот.
INFO L’EQUIPE. Sorti sur blessure lors de la victoire du Bayern Munich face au Werder Brême (6-1) mardi soir, le Sénégalais Sadio Mané ne disputera pas la Coupe du monde (20 novembre – 18 décembre). https://t.co/R02vL40Kxo pic.twitter.com/dNZOZxRpnx
— L’ÉQUIPE (@lequipe) November 9, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal