
Холандскиот фудбалер Квинси Промес официјално е обвинет за шверц на 1.300 килограми кокаин. Ова не е нова приказна, познато е дека пред три години против Промес беше покрената истрага за препродажба на дрога, а денеска и официјално е покренато обвинение.
Тој е обвинет за организирање и шверц на 1.300 килограми кокаин во јануари 2020 година.
Оттогаш е под полициски надзор, неговите разговори се снимени и има јасни докази дека Холанѓанецот бил важна алка во синџирот на шверц на кокаин.
Поранешниот играч на Ајакс и сегашен член на Спартак Москва ќе треба да се појави на суд на 5 јуни во Амстердам за кога е закажано првото рочиште.
Не треба да заборавиме дека Промес беше обвинет дека со нож го нападнал и го повредил својот братучед, за што и тој е уапсен.
Како што стојат работите, тој наскоро ќе стави крај на фудбалската кариера…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
