
Кавадарци е во еуфорија. На гости доаѓа Шкупи, а Тиквеш ќе се обиде да испише историја и за првпат да се пласира во финалето на нациналниот Куп. Првиот полуфинален дуел на Чаир заврши без голови, па избраниците на Ѓорѓи Мојсов се надеваат дека ќе успеат да слават на денешниот реванш (15 часот).
Но, и Шкупи има свои планови, дефанзивецот Абдул Руатубјаје вели дека тимот е подготвен за искушението и ќе се потруди да слави на гостувањето во Кавадарци.
„Знаеме колку е важен овој натпревар. Немаме предност од првиот меч на Чаир, но фокусирани сме максимално на денешниот реванш и се надеваме дека ќе ја исполниме целта“, изјави Руатубјаје.
Воска Спорт исто така е на чекор од историја. Дебитантот во Првата лига има два гола предност (2-0) против актуелниот освојувач Македонија ЃП и денеска доаѓа во Ѓорче Петров со големи мотиви за пласман во финалето.
„Сакаме нашите имиња да бидат испишани во историјата на клубот Воска. Ќе дадеме сѐ од себе да ја задржиме предноста и да избориме пласман во финалето“, изјави Бразилецот Андре Менсалао.
Но, секако не се предава и Македонија ЃП.
„Секој резултат во фудбалот е достижен, предноста на Воска Спорт мора да ја анулираме. Ако сакаме ново финале, мора да го одиграме најдобриот натпревар оваа сезона“, изјави напаѓачот на Македонија ЃП, Самир Фазли.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПОЛУФИНАЛЕ (15 ЧАСОТ)
ТИКВЕШ – ШКУПИ (прв меч, 0-0)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ (прв меч, 0-2)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski