Шкупи на убедлив начин се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го елиминира второлигашот Кит-Го со 5-0. Нето на самиот старт го освои резултатот, Билали од пенал зголеми на 2-0, а Глишиќ и Адеми донесоа предност од четири гола за составот од Чаир до полувремето. Во вториот дел Гудијаби го постави конечниот епилог.
Академија Пандев го победи Вардар со 1-0, со голот на поранешниот „вардарец“ Никола Серафимов постигнат во 92.минута од мечот. Шкендија го победи Гостивар со 1-0, со погодокот од пенал на Енур Тотре во 12.минута.
Македонија ЃП беше уште победлива и со 6-0 ја совлада Каменица Саса, а Силекс славеше со 1-3 на гости кај Кожуф.
Беласица ја елиминира Брегалница совладувајќи ја со 0-1 на Градскиот стадион во Штип. Мартин Стојанов на стартот од мечот не успеа да реализира пенал, а Робсон да Силва во 50.минута го постигна победничкиот погодок за Беласица.
На пенали се решаваат куп-дуелите Струга ТЛ – Работнички (0-0), Ренова – Пелистер (2-2).
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 1-0
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 1-0
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 0-0 (се шутираат пенали)
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2-2 (се шутираат пенали)
ШКУПИ – КИТ-ГО 5-0
КОЖУФ – СИЛЕКС 1-3
МАКЕДОНИЈА ЃП – КАМЕНИЦА САСА 6-0
БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА 0-1
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













