Најтрофејниот македонски клуб Вардар „живна“ по триумфот над Работнички, но сѐ уште е последен на табелата во Првата лига, а сега има нов предизвик во Купот. Вардарци денеска (14 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се обидат да ја одземат куп-круната на „лавовите“, актуелните победници во ова натпреварување.
„Не можеме да го потцениме најтрофејниот македонски клуб, но ние сме мајстори во купот и утре треба да го докажеме тоа! Македонија ЃП оди на победа, и со тоа да го започнеме патот кон трета историска куп титула во низа, нешто што никој досега го нема постигнато. Вардар може да е во финансиска криза, но мотивацијата не им е проблем, тоа го покажаа на секој натпревар досега“, изјави Ѓорѓи Стоилов, фудбалерот од средниот ред на Македонија ЃП.
Работнички на теренот на ФФМ ќе ја пречека Шкендија. Тренерот Милан Илиевски ги повика фудбалерите да се „разбудат“ по поразот од Вардар во шампионатот.
„Натпреварот против Шкендија во Купот е вистинскиот мегдан за Работнички да покаже дека може многу подобро. Полошо од изданието што го имавме против Вардар веројатно дека и не може. Мислам дека сега треба сите ние да смогнеме сили и да покажеме дека сме способни за многу повеќе. Желба, цврстина, карактер, победнички дух, тоа се карактеристики што отсекогаш го краселе Работнички и овој тим мора да знае дека треба да прикажува такви игри. Имавме еден меч против Шкендија во првенството оваа сезона, имавме водство до судиското продолжение, а потоа примивме два гола и загубивме. Се надевам дека научивме многу од тие грешки и верувам дека ќе бидеме многу, многу подобри од претходниот натпревар“, изјави шефот на стручниот штаб на Работнички, Милан Илиевски.
Прволигашка е и пресметката меѓу Брера и Гостивар во Струмица, како и езерскиот дуел меѓу Воска и Струга ТЛ.
Шкупи ќе игра против Охрид Лихнидос, а Тиквеш му гостува на Пелистер. Силекс е домаќин на Башкими. Се чини дека најлесна задача има Брегалница, која ќе се сретне со нисколигашот Јанг Тим.
КУП, 1/8 – ФИНАЛЕ (денеска, 14 часот)
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – БАШКИМИ
БРЕРА – ГОСТИВАР
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
ШКУПИ – ОХРИД ЛИХНИДОС
ВОСКА – СТРУГА ТЛ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski