Тренерот на Барселона, Роналд Куман го коментираше заминувањето на Лионел Меси од тимот.
„Сакаме најдобро за клубот. Мораме да ја свртиме страницата и да го прифатиме ова. Треба да покажеме дека сме добар тим и без Лео“, изјави Куман по синоќешната победа над Јувентус со 3-0 во „Гампер купот“.
На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот аргентински фудбалер. Меси го напушти каталонскиот клуб поради финансиски и структурни ограничувања што постојат во шпанското првенство.
Барселона сериозно го има надминато буџетот за плати и Ла Лига не дозволи клубот да го лиценцира Меси со нов договор.
Аргентинецот ќе се пресели во редовите на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













