Српскиот стратег Младен Крстајиќ ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија. Тој ќе дебитира во септемврискиот циклус од Лигата на нации кога Бугарите треба да гостуваат во Скопје и да играат против Гибралтар.
Бугарија остана без селектор откако Јасен Петров поднесе оставка после дебаклот од Грузија во Разград со 2-5.
Според информациите Крстаиќ веќе се договорил и го потпишал договорот, а сега се чека само официјалната промоција.
Техничкиот директор Георги Иванов неодамна најави дека до 28. Јули ќе биде објавено името на новиот селектор кој ќе има речиси два месеци да го подготви списокот на фудбалери за последните два меча од Лигата на Нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













