Еден од лидерите на Германија, Тони Крос, беше пресреќен по победата на неговата репрезентација со 5-1 над Шкотска на отворањето на ЕВРО 2024 година.
„Се обидовме да играме опуштено, тоа го сакавме и го добивме. Силен почеток, не дозволивме Шкотска да игра и мислам дека знаевме да ги искористиме грешките на противникот. Планот е секогаш да имаме силен почеток , ни помага психолошки“, сподели играчот од средниот ред.
„Црвениот картон го скрши противникот, не беа многу во форма, а брзиот гол на почетокот на мечот го олесни самиот натпревар. Следните натпревари ќе бидат уште потешки и ќе играме против потешки противници, но ваква победа носи самодоверба“, додаде Тони Крос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













