
Објавата на Тони Крос во вторникот го потресе целиот фудбалски свет. Сите беа изненадени, а некои играчи на Реал никако не можат да се утешат. Некои, наводно, дури и плачеле, како Федерико Валверде, сите други пишуваа проштални пораки.
После 10 години во Мадрид, Крос одлучи дека е време да се збогува. Тој сака да го направи тоа со стил, да му помогне на „кралскиот клуб“ да ја освои рекордната 15. титула во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1 јуни во Лондон, а потоа да оди до крај со Германците на ЕВРО 2024.
Последниот натпревар за Реал ќе го одигра на 1 јуни, но последниот настап за овој тим на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го има в сабота од 21 часот против Бетис во 38. коло од Ла Лига. Титулата е веќе освоена и прославена, па ќе биде само игра за уживање, но и за збогување со легендата.
По најавата дека Тони Крос ќе го одигра својот последен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, навивачите влегоа во делириум за распродажба и веднаш поскапеа сите билети, што значи дека 85.000 навивачи ќе го испратат Германецот. Според „АС“, навивачите ги купиле сите билети во рок од 12 часа.
Прогласен за најдобар фудбалер за 2018 година, Крос има дури 34 трофеи, вклучувајќи го и Светското првенство со репрезентацијата на Германија, пет трофеи во Лигата на шампионите и пет европски Суперкупа. Пред Реал играше за Баерн и за Баер Леверкузен, како позајмен играч.
Освои шест светски клупски првенства, пет со Реал и една со Баерн. Четирипати беше шпански првак со Реал, а трипати германски шампион со Баерн.
Има освоено и пет ЛШ, четири со Реал, една со Баерн, а оваа сезона со Реал може да освои уште една титула во Лигата на шампионите бидејќи финалето го игра против Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
