
Фудбалерот за врска на Реал Мадрид , Тони Крос, со нетрпение го очекува натпреварот со Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој се сеќава на пресметките против истиот противник од минатата година, кога во оваа фаза од натпреварувањето „кралевите“ ги елиминираа „граѓаните“.
„Минатата сезона никој не очекуваше да победиме, но сепак го направивме тоа. Очекуваме многу силен Манчестер Сити, но навикнати сме да играме такви натпревари. Нема да користиме изговори. Ќе сториме сѐ за да играме ново финале“, изјави Тони Крос пред вечерашниот натпревар.
33-годишниот Германец кратко работеше со менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кога стратегот беше на чело на Баерн Минхен. Фудбалерот со нетрпение ја очекува новата пресметката со својот поранешен ментор и се чувствува подготвен да му помогне на Реал Мадрид да излезе како конечен победник.
„Екипите на Гвардиола секогаш го играат неговиот стил на фудбал. Без разлика дали е тоа Барселона, Баерн Минхен или сега Манчестер Сити, секогаш можете да видите дека тоа е одличен тим. Кога играте против тим кој постигнува три или четири гола на секој натпревар, очигледно треба да знаете да се браните, а истовремено да најдете начин како да ги пробиете“, истакна Крос.
Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра вечерва од 21 часот, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
