Андреј Крамариќ, херојот на победата на Хрватска против Канада (4-1) во второто коло од групната фаза на Мундијалот, по натпреварот на кој постигна два погодоци, му одговори на селекторот на Канада, Џон Хердман.
Да потсетиме, канадскиот селектор охрабрен од добриот настап на неговиот тим против Белгија, им порача на своите играчи дека „сега ќе ја е*ат Хрватска“.
Тоа беше кардинална грешка, бидејќи Хердман очигледно не знае како реагираат хрватските играчи кога се потценети.
Зборовите на канадскиот селектор ја мотивираа цела Хрватска.
„Сакам особено да му се заблагодарам на селекторот на Канада, г-дин Хердман, тој беше голема мотивација за нас вечерва. Не можеше да избере подобри зборови. Можеби можеше поинаку да ги формулира, но на крајот Хрватска покажа кој кого е*е“, изјави Крамариќ по средбата, а неговите зборови брзо ги пренесоа бројни светски медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













