Реал Мадрид оствари убедлив триумф над Селта славејќи со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Сега „кралевите“ повторно имаат седум бода предност во однос на Џирона на врвот на табелата.
Винисиус Жуниор го отвори резултатот во корист на домаќинот со голот во 21.минута. Во финишот од дуелот, уште три гола за лидерот.
Гуаита си постигна автогол за 2-0 во 79.минута, а потоа и Домингез ја затресе сопствената мрежа при ударот на Рудигер во 88.минута. Во судиското продолжение, првенецот во дресот на Реал Мадрид го постигна и талентираниот турски интернационалец Арда Ѓулер.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













