Connect with us

„Кралевите“ со пресврт го победија Лас Палмас (ВИДЕО)

Реал Мадрид направи пресврт во второто полувреме и стигна до победа (1-2) на гости против Лас Палмас. Сега „кралевите“ се лидери на табелата со 54 бода, два повеќе од Џирона која утре гостува кај Селта во Виго.

Лас Палмас го изненади Реал со погодокот во 53.минута што го постигна Хавиер Муњоз. Сепак, „кралевите“ реагираа енергично и израмнија со голот на Винисиус Жуниор во 65.минута.

Победничкиот гол беше дело на Аурелиен Чуамени во 84.минута. Тој со удар со глава по корнерот од десната страна успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови