Connect with us

Крај на љубовта: Роналдо добил дозвола да го напушти „Олд Трафорд“

Заврши времето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Како што пренесуваат медиумите во Англија, Манчестер Јунајтед му дал дозвола на легендарниот португалски напаѓач ова лето да го напушти клубот.


Во текот на целиот трансфер период Роналдо беше поврзуван и нуден во многу клубови, но Јунајтед уверуваше дека 37-годишниот играч е дел од тимот и дека новиот менаџер Ерик тен Хаг смета на него.

Сепак, веќе стана јасно дека нивните релации не се најдобри.

Роналдо ја започна сезоната на клупата во поразот од Брајтон, а потоа стартуваше на гостувањето кај Брентфорд и тимот доживеа вистинска бламажа и пораз од 4-0.

Сега е јасно дека повеќе нема место за Роналдо, Тен Хаг не го гледа во своите планови за тимот кој моментно е на последното место во Премиер – лигата.

Најблиску до Кристијано Роналдо во моментов е Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови