Лионел Меси ќе го засили Пари Сен Жермен, тоа е спортска приказна на деценијата, а ја искорементира и тренерот на Монако, Нико Ковач. По ремито против Нант (1-1) во воведниот натпревар од францускиот шампионат оваа сезона, Нико Ковач истакна дека му е навистина драго што Лео Меси ќе игра во францускиот шампионат.
„Тоа е добро за Лига 1. Тоа ќе и овозможи на лигата понатамошен напредок и подобра експозиција со најдобриот играч во светот. Секако, ПСЖ ќе биде уште потешко да се победи, но јас сум задоволен од идејата да го видам Меси во Лига 1”, изјави Ковач.
Меси најверојатно во вторник ќе биде претставен како нов фудбалер на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













