
Италијанската легенда Роберто Баџо синоќа итно бил пренесен во болница откако е ограбен и претепан од вооружени разбојници.
Шокантниот инцидент се случи додека го гледал поразот на Италија со 1-0 од Шпанија на ЕВРО 2024 минатата ноќ.
Роберто Баџо и неговото семејство биле жртви на грабеж во домот.
Според „Кориере дело Венето“, нападот се случил во вилата на поранешниот освојувач на „Златната топка“ во Алтавила Вичентина.
Тие тврдат дека поранешниот напаѓач, кој има 57 години, доживеал „кошмар“ што „траел околу четириесет минути“.

Баџо наводно се обидел да се бори против пет вооружени мажи откако тие упаднале на неговиот имот. Храбрата ѕвезда не успеала да го одбие нападот, а тој и неговите сакани завршиле заклучени во плакар.
Разбојниците потоа украле часовници и накит од неговиот дом пред Баџо да успее да се ослободи и да ја повика полицијата.
Поранешниот напаѓач ја поминал ноќта во локалната болница, а раните му биле сошиени со неколку конци.
Баџо, кој ја помина целата своја кариера во Италија, беше познат под прекарот „божественото опавче“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов проблем за Арсенал, се повреди Каи Хаверц

Интернационалци
Јован Манев потпиша за Ријека

Евро-фудбал
Анчелоти: Сезоната за Реал допрва почнува
