Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе биде без Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и без Љавдрим Фазлиу на натпреварот против Црна Гора во вторник, последен во квалификациите за пласман на ЕП.
„Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу се фудбалерите кои ќе недостасуваат против Црна Гора. Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни и дојдоа на некој начин шокантно за сите нас, сепак, ние сме репрезентација која е подготвена да се носи со сите работи. Посакувам здравје, во овој момент тоа е најважно. Јас можам да ветам дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план“ – вели селекторот Благоја Милевски.
Поради проблеми со коронавирусот, Благоја Милевски повика нови имиња. Во селекцијата се приклучени Виктор Крстевски од Вардар, Енсар Љума од Шкендија, Ване Јованов од Академија Пандев и Славе Маркоски од Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













