Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Тун Копмајнерс, призна дека играчите не се задоволни од своите настапи по уште едно реми оваа сезона. „Бјанконерите“ одиграа 1-1 против градскиот ривал Торино. Иако први го отворија резултатот, но повторно дозволија израмнување.
Холанѓанецот истакна дека е време тимот да преземе одговорност за случувањата.
„Не сме задоволни. Го контролиравме мечот и постигнавме одличен гол. Притискавме високо, но не смееме да примиме гол една минута пред крајот на полувремето. Мора да преземеме одговорност и да работиме посериозно. Ова важи и за мене. Имавме неколку шанси во второто полувреме, но тоа не е доволно“, изјави Копмајнерс.
„Ни недостига по нешто од сè. Треба да покажуваме повеќе желба и одговорност во натпреварите. Има моменти кога играме добро и создаваме шанси, но тоа не го правиме во текот на сите 90 минути. Мора да се подобриме и да постигнуваме повеќе голови. Исто така, примаме премногу лесни голови. Имавме бројна предност во шеснаесетникот, но сепак ни дадоа гол. Едноставно, тоа не смее да се случува. Мора да преземеме одговорност и да престанеме со оправдувањата“, додаде холандскиот играч.
Распоредот на Јувентус станува сè потежок, со претстојно гостување кај Аталанта, а потоа и дерби дуели со Милан и со Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













