
Антонио Конте по завршувањето на сезоната ќе го напушти Тотенхем и ќе го преземе Пари Сен Жермен, тврдат дел од француските медиуми. Италијанскиот стручњак на клупата на лондонскиот клуб има договор за следната сезона, но и клаузула дека може да си замине, но, сепак, ваквите написи ги нарече лажни вести.
Се пишуваше дека Конте сака да премине во ПСЖ, од чија клупа треба да добие отказ Маурисио Покетино. Исто така, беше наведено дека контактирал со парискиот клуб за да се понуди и дека бара 30 милиони евра плата и право да носи одлуки за трансфери.
„Убаво е што другите ја ценат мојата работа, но тоа е една работа. Друга работа е што не ми се допаѓа кога се измислува само за да се зборува, да се создаваат проблеми. Тоа не е правилно и не е фер кон клубовите вклучени во таа приказна. и кон моите играчи. Посебно не сега кога сме фокусирани на најдобар можен резултат во натпреварите што ни преостануваат. Не слушајте неточни информации. Имаме уште пет натпревари до крајот на сезоната, а потоа ќе седнеме и ќе разговараме што е најдоброто решение за клубот. Сите оние кои работат во фудбалот, играчите и тренерите, знајте добро дека во овој дел од сезоната почнуваат лажни вести“, изјави Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
