Италијанскиот стратег Антонио Конте успеа да го врати Тотенхем во Лигата на шампионите, па лондонскиот клуб стана посакувана дестинација за многу играчи. Доведени се Перишиќ, Форстер и Бисума, но вистинската работа допрва доаѓа и навивачите едвај чекаат да видат како ќе изгледа тимот следната сезона.
Десниот бек е една од горливите позиции, покрај Џед Спенс од Мидлсборо, а како решенија се споменуваат и новиот француски репрезентативец Џонатан Клаус од Ленс и Торинецот Вилфред Синго.
На мета на Тотенхем е и дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол, Хрватот кој со одличните игри во Бундес – лигата го привлече вниманието на неколку големи клубови, а Германците секако очекуваат голем профит.
Контактите и разговорите стануваат се поважни кога е во прашање ангажирањето на бразилското дуо Ришарлисон и Рафиња, кои секако би претставувале големи засилувања во Лигата на шампионите.
Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи, исто така е заинтересиран за Николо Заниола, кој исто така е цел и на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













