Тренерот на Порто, Серџо Консеиао, го изрази своето задоволство од победата од 1-0 против Арсенал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Тој им честиташе на своите играчи кои, според него, одлично го реализирале планот.
„Играчите треба да бидат задоволни од она што го направија. Немавме многу време да се подготвиме, но видов голема одлучност. Тимот одлично разбра како да го искористи празниот простор за да го мачи противникот. Тоа беше добар натпревар, типичен за Лигата на шампионите. Арсенал имаше повеќе посед, но ние создадовме посериозни шанси“, изјави Серџо Консеисао.
„Сѐ што имавме подготвено, успеавме да го пренесеме на теренот. Дури и во статични ситуации. Им честитам на моите играчи кои совршено го спроведоа планот“, додаде тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













