Connect with us

Консеисао: Го елиминиравме Интер, но сѐ уште не сме направиле ништо, допрва следи финалето

Милан приреди вистинска фудбалска бајка на „Сан Сиро“, победувајќи го градскиот ривал Интер со убедливи 3-0 во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија. Со вкупен резултат 4-1, „росонерите“ обезбедија историско финале, прво од 2018 година наваму.

Тренерот Серџо Консесао беше пресреќен по големата победа, но остана скромен и фокусиран.

„Деталите решаваат сѐ. Ме радува што тимот покажа вистинско единство и во напад и во одбрана. Почетокот ни беше тежок, малку се мачевме, но успеавме да се стабилизираме и да го најдеме ритамот. Второто полувреме беше на највисоко ниво“, изјави тренерот на Милан.

Посебни пофалби доби српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој постигна два гола и повторно беше клучниот играч во офанзивата на Милан.

„Јовиќ работи фантастично последниве неколку недели. Се посвети, дури и ослабе, и тоа се гледа на терен. Донесе агресија, чува топка, напаѓа – токму тоа ни требаше“, вели Консесао.

Финалето ќе биде прво за Милан по седум години, откако во 2018 беа поразени од Јувентус со 4-0. Сега, „црвено-црните“ ќе се обидат да ја освојат својата прва куп-титула уште од далечната 2003 година, кога славеа против Рома со вкупни 6-3.

Консеисао останува смирен и покрај еуфоријата.

„Сè уште не сме направиле ништо. Финалето допрва доаѓа. Имаме квалитет, но мора да го покажеме и кога е најтешко. Јас сум страстен за фудбалот – го носам и дома, па веројатно и сопругата ќе биде среќна. Но, нозете ни се на земја. Ова е само еден чекор.“

Вториот финалист ќе биде познат по реваншот меѓу Болоња и Емполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови