Милан Мандариќ ќе влезе во српскиот фудбал и ќе добие функција во Војводина.
Како што ексклузивно дознава новосадски „Дневник“, српско-американскиот бизнисмен официјално ќе ја преземе функцијата потпретседател на Војводина на 26 март на Собранието на клубот.
Неговата работа во српскиот фудбал се најавуваше неколкупати, неодамна се споменуваше и Раднички Крагуевац, но сегашната управа на Војводина на чело со претседателот Драгољуб Збиљиќ ги договори деталите за негов ангажман во клубот од Нови Сад. Светски познатиот бизнисмен и голем вљубеник во фудбалот ја прифати улогата на потпретседател на клубот.
Мандариќ е роден во Лика, но пораснал и се школувал во Нови Сад, каде што ги памети најубавите спомени од младоста. На 26 години замина во Белград, а потоа преку Швајцарија во Америка, каде што стана успешен бизнисмен и влезе на голема врата во фудбалот. Прво како еден од основачите на професионалната лига од другата страна на Атлантикот, а потоа и како сопственик на бројни европски клубови како Ница, Шарлроа, Шефилд Венсдеј, Портсмут, Лестер, Олимпија Љубљана…
Заедно со него потпретседател на клубот ќе стане и Мирослав Тањга, поранешен фудбалер на Војводина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













