
Баерн Минхен во голем стил го стартуваше новиот формат на Лигата на шампионите. Баварците синоќа на својата „Алијанц Арена“ го декласираа Динамо Загреб со неверојатни 9-2, при што Хари Кејн постигна четири гола, од кои три беа од пенал.
Секако, во Баерн може да бидат презадоволни од синоќешниот настап, а тоа задоволство беше видливо и на лицето на тренерот Венсан Компани.
„Тоа беа успешни 90 минути. Екипата уживаше во играта, навивачите уживаа во натпреварот. Имавме многу специјална ноќ на Лигата на шампионите. Среќен сум за момците и сакаме да продолжиме со оваа енергија“, изјави Компани.
Секако, ваквиот резултат неизбежно создава еуфорија меѓу навивачите, кои посакуиваат Баерн Минхен да биде дел во финалето на Лигата на шампионите, особено бидејќи финалето ќе се игра во Минхен.
„Прерано е да го оцениме нашиот напредок. Одиме натпревар по натпревар. Уживам, морам да бидам искрен, но во септември не се освојуваат трофеи. Имаме уште многу работа пред нас и се надевам дека ќе продолжиме да се подобруваме“, додаде Компани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
