Connect with us

Комити: Панчев, ПУИГ, УЈП излегоа во пресрет, ветувањата од Самсоненко не се реализираа

Навивачката група Комити се огласи во врска со случувањата во Вардар. Во соопштенир навивачите објаснуваат дел од случувањата во последниот период. 

Во продолжение, комплетното писмо од навивачката група: 

Откако бевме повикани од јавноста за наше дирекно инволвирање во разврската со нашиот клуб, се одзвавме и бевме дел од процесот како неутрална страна присутна заради олеснување и забрзување на работите со сите страни инволвирани.

Нашето барање итни одговори од надлежните околу ФК Вардар – Град Скопје, Јавното Претпријатие за Стопанисување со Станбен и Деловен Простор (ПУИГ), Управата на Вардар, наиде на реакција од сите страни.
Убаво беше да се види колку брендот Вардар е почитуван, но и тоа дека имаме доволно кредибилитет во оваа држава да го покренеме ова прашање на многу високо ниво. 

За да му се дадеше импулс на Вардар беше потребно многу коцки да се сложат, и институции да се координирани и експедитивни. 

Прво коректност имаше од Управата за Јавни Приходи.

Втора инволвирана страна беше ПУИГ, од каде наидовме на убав прием, разбирање и добра волја, па користејќи ги сите законски средства дојдовме до взаемно прифатливо решение за времено решавање на состојбата во ФК Вардар.

Коректен беше и Дарко Панчев, кој се согласи да ја тргне блокадата како би се реализирал ваучерот од
Агенцијата за Млади и Спорт.

Од ФК Вардар побаравме да го платат минималниот износ неопходен за подигање на блокадата, од таму добивме уверување дека ќе платат до 31.12, за во последен момент ни јават дека Самсоненко нема да го реализира плаќањето.

Потоа добивме уверување дека сепак ќе ги реализираат обврските кон нашиот клуб до 31.01, но не добивме уверување дека егзодусот на тимот (кој започна) ќе биде спречен. Побаравме од фудбалерите да бидат трпеливи  да почекаат на разврската, и во реалноста сите би останале при средени состојби, или барем гаранции дека ќе се средат состојбите.

Упативме апел Вардар да не биде користен како алатка за борби кои немаат допир со фудбалот и спортот, туку да најдеме заедничко решение. Сепак се добива впечаток дека работите можат да тргнат во погрешен правец, и тоа без реална и издржана причина за тоа. Реалноста е дека мораше да биде платен долгот кон ПУИГ и Вардар да не страда, но тоа не се случи и сеуште нема логичен одговор зошто?

Имаме впечаток дека со ваков неодговорен потег, се нанесува голема штета на клубот, и иако не уверуваат дека ќе се среди се до 31 јануари, сепак довербата е нарушена со нереализирање на ветеното до 31.12.

Но да не се губи време во препукувања и докажувања кој е крив кој не, туку итно да се реагира за да се вратат нештата во посакуваниот колосек. Потребна е будност и активност, да се делува во правец дека ситуацијата нема да се реши ниту на крај на Јануари, затоа што нема никакви гаранции за тоа. 

Потребна е иницијатива !
Потребно е РЕШЕНИЕ ! 
Решение надвор од политиката !

Решение кое ќе му ја врати душата на клубот и повторно ќе го доближи до навивачите !
Благодарност до поранешниот директор на ФК Вардар – Драгче Томовски кој се одзва на нашиот општ повик за решавање на ситуацијата, и кој со своето искуство и познавање на состојбите во ФК Вардар и Македонскиот фудбал има повеќе од конструктивна улога. Се надеваме ќе биде тука како дел од решението.

Благодарност и до наши постари членови кои се одзваа и помогнаа во трасирањето на патот до вистината.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови