Connect with us

Која ѕвезда ќе сјае најмногу на ЕВРО?

Континенталните натпреварувања се вистинска можност за еден играч да „експлодира“, а за некои докажани мајстори во фудбалот уште еднаш да ја покажат својата класа и да докажат дека се одлични играчи во репрезентативниот дрес.


Кој ќе се истакне најмногу и кој може најмногу на ова Европско првенство. Одговорот е тежок, но опции има многу…

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Еден од најдобрите играчи на денешницата и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, тој игра за репрезентацијата на Португалија од 2003 година, кога дебитираше на 18-годишна возраст. Своето прво Европско првенство го одигра една година подоцна, кога Португалија беше домаќин и го загуби финалето од Грција.

Се сеќаваме на младиот Роналдо со сите тие обетки и солзи по поразот во финалето, а интересно е што тој го постигна првиот гол во националниот дрес против Грција на Европското првенство, но во групната фаза. Од тој прв гол, тој додаде повеќе од 100 досега во репрезентативниот дрес.

Тој играше на четири европски првенства и постигна девет гола на 21 натпревар. Тој постигна 31 гол за 18 години во квалификациите.

Роналдо го освои Европското првенство со Португалија во 2016 година, а пет години подоцна сака да ја одбрани титулата на веројатно последното Европско првенство што го игра, со оглед на тоа што ќе има 39 години за време на следното.

Кристијано се повреди во 25. минута од финалето против Франција, кога го погоди Димитри Паје, па мораше да ја напушти играта. Без него, Португалија победи со 1-0 со голот на Едер, а Роналдо се најде во улога на „тренер“ и постојано им дофрлаше на своите соиграчи покрај аут линијата.

Оваа сезона тој постигна 36 гола на 44 натпревари за Јувентус.

КИЛИЈАН МБАПЕ

На Светското првенство во Русија во 2018 година, Мбапе имаше генијални моменти, но може да се каже дека тој не беше најголемата ѕвезда на неговиот тим и дека некако тоа признание му припадна на Антоан Гризман, кој беше најдобар стрелец на тимот.

Три години подоцна, Мбапе ја презема улогата на најдобар играч на националниот тим и го добива „притисокот“ на најголема ѕвезда и покрај враќањето на Бензема.

Поранешниот фудбалер на Монако и сегашен напаѓач на Пари Сен Жермен генерално е една од најголемите sвезди во фудбалот, па затоа неговиот настап на ова Европско првенство ќе се види многу.

Французите се вицешампиони на Европа и светски прваци и главни фаворити за титулата и на ова Европско првенство.

Ќе се обидат да го надополнат поразот во финалето пред пет години на домашен терен и Мбапе ќе мора да „влече“ во нападот.

Сега, покрај Жиру и Гризман, тој има голема поддршка и од Карим Бензема, па за разлика од другите големи sвезди на овој турнир, ќе има многу добри „придружници“ во нападот.

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ

Актуелниот освојувач на Златната топка и понатаму е официјално најдобриот играч на светот. Тој беше најдобар стрелец на Полска во квалификациите со шест постигнати голови, и повторно Полска многу ќе се потпре на него.

Фудбалерот кој деветпати ја освои наградата за најдобар полски играч веќе играше на две европски првенства и за 13 години во дресот на националниот тим постигна 66 гола и е најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Левандовски лесно ја освои двојната круна со Баерн оваа сезона, а покрај малите проблеми со повредите доаѓа и на ЕВРО во одлична форма. Тој постигна дури 41 гол во една сезона во Бундес – лигата и го собори рекордот на Герд Милер стар 42 години по бројот на постигнати голови во една сезона.

Тој постигна вкупно 48 погодоци во сите натпреварувања во сезоната 2020/21.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови