Арсенал сè уште исплаќа над 90 проценти од платата на Месут Озил, и покрај тоа што фудбалерот по седум сезони во Лондон, си замина во тимот на Фенербахче пред неколку месеци, пренесуваат англиските медиуми.
Плејмејкерот земаше плата од 350.000 фунти неделно на “Емирати” и многумина веруваа дека се согласил на значајно намалување за да се приклучи на турскиот клуб. Сепак, ова се чини дека е далеку од вистината.
Ова само покажува колку Микел Артета и целото раководство на Арсенал сакале Германецот да си замине од клубот. Доаѓањето на Озил во турското првенство во јануари беше голема атракција за тамошните навивачи, но сепак тој е ограничен на само шест настапи, а сè уште се чека на негов погодок или асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













