
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, објави дека на левиот бек Ендрју Робертсон ќе му биде потребна операција на рамото што го повреди за време на европскиот квалификациски натпревар меѓу Шкотска и Шпанија. Германецот не може да даде проценка колку време ќе треба да закрепне дефанзивецот, но според првичните прогнози на англиските медиуми станува збор за околу три месеци.
„Одлуката е тој да се оперира. Имаше мали шанси да се обиде без операција, но по разговорот со стручњаците стана јасно дека хируршката интервенција е најдоброто долгорочно решение. Сепак, тоа значи дека одреден период ќе биде надвор од терените. Не знам точно колку, но операцијата на рамото не е лесна. Може да почне да тренира наскоро, но не може да игра бидејќи мора да биде внимателен. Сепак, имаме играчи кои можат да го заменат. Фала му на Бога, не е само Костас Цимикас, бидејќи тоа не би било доволно поради бројот на натпревари што ги имаме пред нас. На таа позиција може да игра и Џо Гомез, како и Лук Чемберс и другите млади играчи кои тоа го покажуваат на тренинзите“, изјави Јирген Клоп.
Диого Жота е повторно достапен, а Коди Гакпо тренираше вчера, па ќе видиме. Стефан Бајчетиќ и Тијаго Алкантара сѐ уште се надвор од ритам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
