Connect with us

Клоп: Пред две недели бевме комплетни, а сега ни недостасуваат играчи на секоја позиција

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја прокоментира победата од 3-1 на неговиот тим против Барнли во 24. коло на англиската Премиер – лига.


Стратегот во својот говор ја истакна борбата за титулата, во која „црвените“ веќе немаат предност, бидејќи можеби се на првото место, но имаат само два бода пред шампионот Манчестер Сити, кој има еден натпревар помалку.

„Размислувам за тоа секоја недела. На тоа додадете го и Тотенхем кој стигна до важна победа. Астон Вила е во игра, а секако и Арсенал. Пред две недели имавме идеална ситуација со составот. Две недели подоцна ни недостасуваат играчи на секоја позиција. Сè може да се случи. На сите ни треба среќа и за да ги надминеме неволјите, а кога ја немате, мора да се борите“, изјави Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови