Ливерпул се соочи со неочекувани тешкотии против аутсајдерот во Премиер – лигата, Шефилд Јунајтед, но победи со 3-1 и се врати на врвот на табелата. Алексис Мекалистер го постигна важниот втор гол за „црвените“ и ги заслужи пофалбите на менаџерот Јирген Клоп.
„Моравме да вложиме многу напор за да победиме, но тоа е нормално. Излеговме со правилен став, но на моменти не игравме најдобро. Видовме колку брзите додавања можат да го променат текот на играта. По голот на Алексис Мекалистер ги контролиравме работите, а третиот гол беше величенствен“, прокоментира Клоп.
„Шефилд Јунајтед можеше да поведе во 20. секунда, но Келехер одлично одбрани. Гостите одиграа добро цели 90 минути. Беше тешко, но ја заслуживме победата“, потенцира германскиот стратег.
„Мекалистер е многу добар фудбалер. До паузата играше како „шестка“, но знаевме дека може да биде корисен на повеќе позиции и понапред. Потоа Алексис постигна прекрасен гол. Би рекол дека двата најубави гола од далечина сезонава беа негови“, изјави тренерот на „црвените“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal