
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по елиминацијата од Аталанта во Лигата на Европа изјави дека не е загрижен поради лошата форма на напаѓачот Мохамед Салах. „Црвените“ победија со 0-1 во Бергамо, но по поразот на домашен терен со 0-3 се простија од своите надежи за финале на турнирот.
Ова беше последен натпревар на Јирген Клоп со Ливерпул во Европа.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мохамед Салах од пенал, но во финишот на првото полувреме египетскиот интернационалец не успеа да погоди кога излезе сам против голманот.
Салах претрпе големи критики за неговата форма во последно време, но според Клоп, тоа не е оправдано. Стрелецот на „црвените“ беше еден од првите заменети на натпреварот.
„Не сум загрижен. Тоа е она што го прават напаѓачите, тоа се работи што им се случуваат. Тој самиот мора да помине низ ова. Тој е еден од најискусните во составот. Не е дека досега не пропуштил таква шанса во животот. Сето тоа е дел од играта. Пеналот беше убедлив, одлична изведба, потоа беше несреќен во следната шанса, но не е првпат да пропушти голема шанса. Не би направил голема приказна од тоа. Што да направам, не можам да влијаам, но не сум загрижен“, изјави Јирген Клоп по натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
