Connect with us

Клоп ќе биде тренер на Баерн, Чаби Алонсо ќе дојде во Ливерпул?

Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Оваа вест одекна силно на Островот, а сега веќе се шпекулира каде ќе ја продолжи тренерската кариера и кој ќе биде негов наследник на клупата на англискиот клуб.

Германските медиуми го преселија Клоп во Баерн Минхен, каде што Томас Тухел “троши кредити”.

Од друга страна, кога станува збор за Ливерпул, се наметнува едно име – Чаби Алонсо.

Чудотворецот од Леверкузен, кој со Баер е лидер на Бундес-лигата, има договор со клубот, но и клаузула дека може да си оди ако го бараат тимовите во кои играл, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Значи патот до Ливерпул му е комплетно отворен, и нема сомневање дека Чаби Алонсо ќе биде најголемата желба на навивачите кога Клоп ќе замине од „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови