Англискиот првак Ливерпул ја разгледува можноста за ангажман на Ренато Санчес. Португалскиот интернационалец игра одлично во дресот на Лил, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, би сакал да го има во тимот како наследник на Џорџинио Вајналдум.
Холанѓанецот најверојатно ќе го напушти „Енфилд Роуд“ на крајот од сезоната. Неговиот договор истекува во јуни, а двете страни се уште немаат склучено „дил“ за продолжување на соработката.
Ренато Санчес има само 23 години, а веќе долги години игра на европска сцена. Тој беше мегаталент во Бенфика, потоа се пресели во Баерн Минхен, имаше епизода и во Свонси во Премиер – лигата, а од 2019 година одигра 27 натпревари за Лил и постигна четири гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













