Ливерпул загуби од Лестер со 1-0 и направи голем чекор назад во трката за шампионската титула. Мохамед Салах беше трагичар откако промаши пенал во раната фаза од натпреварот, а менаџерот Јирген Клоп е разочаран од изданието на комплетниот тим.
„Ако продолжиме да играме на ваков начин нема шанси да го стигнеме Манчестер Сити на врвот. Пораз е пораз и мораме да извлечеме поука. Би рекол, никогаш веќе не треба да играме вака. Го загубивме ритамот и не бевме доволно смирени да го вратиме. Не планиравме да му дозволиме на Лестер да игра толку слободно“, изјави Клоп.
Манчестер Сити има шест бода предност пред Ливерпул и пред Челси на врвот на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













