Фудбалерите на Кит Го ја запишаа првата победа на подготовките во Анталија, триумфирајќи на пријателскиот натпревар против младинската екипа на данскиот ХИК со убедливи 3-1 (3-0).
На дуелот кој се одигра на спортскиот комплекс „Фанатик“ во Лара, фудбалерите на Емил Грнев комплетно доминираа на теренот уште во првото полувреме решавајќи го прашањето на победникот. Со два погодоци на Бошко Ступиќ и еден на Петар Најдов, Кит Го уште во првите 45 минути обезбеди предност од 3-0.
Во второто полувреме, кога имаше комплетна промена на составите на теренот, противникот единствено успеа да го ублажи поразот.
Кит Го на дуелот против данскиот ХИК настапи во следниот состав: Денковски, Антонов, Христов, Гогов, Николовски, Рајков, Дујовски, Алексовски, Најдов, Мичковски и Ступиќ. Во второто полувреме уште играа: Богдановски, Тиквешанец, Димоски, Ташков, Стојменов и Чучковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













