Connect with us

Ким Мин-Јае се враќа во Италија, ќе го засили Милан

Јужнокорејскиот дефанзивец Ким Мин-Јае би можел наскоро да се врати во Серија А, овојпат како засилување за Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Откако беше клучен дел од шампионскиот тим на Наполи, Ким во 2023 година прејде во Баерн Минхен, но не остави силен впечаток. Дваесет и осумгодишниот стопер се соочи со проблеми со ахиловата тетива во текот на сезоната, а според најновите информации, тие сè уште не се целосно решени. Заради тоа, Ким е под сериозен знак прашалник за настап на Светското клупско првенство, што дополнително го компликува неговиот статус во Баерн.

Германскиот шампион е подготвен да се раздели со него, но инсистира на траен трансфер, а не на позајмица. Милан би морал да плати најмалку 30 милиони евра, а дополнителен проблем би била високата плата на Ким, која изнесува околу 8 милиони евра годишно.

Во исто време, Милан подготвува продажба на Тијани Рејндерс во Манчестер сити и е на чекор до ангажман на Лука Модриќ како слободен играч.

Ако се реализира трансферот на Ким, Баерн сигурно ќе бара нов централен дефанзивец ова лето. Ситуацијата буди загриженост и кај клубот и кај навивачите, бидејќи дефанзивецот не го исполни очекуваниот потенцијал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови