Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин даде интервју за белгискиот медиум „HLN“ во кое одговори за потенцијален трансфер во Саудиска Арабија. Играчот од средниот ред ја поздрави можноста со оглед на финансискиот аспект на еден таков потег.
Неговиот договор со „граѓаните“ истекува следното лето, а на крајот на овој месец искусниот фудбалер ќе наполни 33 години.
„За мојата сопруга Мишел, егзотичната авантура не е проблем. Ова се разговори што сѐ почесто ги водиме како семејство. Имам уште една година од договорот, па морам да размислам што би можело да се случи. Мојот најстар син сега има осум години и не знае за друго место освен Англија. Ме прашува и уште колку ќе играм за Манчестер Сити. Кога ќе дојде време, ќе треба да се справиме со тоа на одреден начин.“
„На мои години треба да си отворен за сѐ. Зборуваме за неверојатни суми на пари, а ова може да биде крај на мојата кариера. Понекогаш треба да размислите за тоа. Ако играм таму две години, ќе можам да заработам неверојатна сума на пари. Некогаш требаше да играм фудбал 15 години и можеби сѐ уште не би ја достигнал таа сума. Треба да размислите и за тоа што би значело тоа за иднината. Но, досега не морав да размислувам за сето ова“, прокоментира Де Бруин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













