Офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, ги коментираше гласините дека минатото лето за него беa заинтересирани клубови од првенството на Саудиска Арабија.
„Не сум контактирал со никого. Имаше многу врева и вести. Реков дека чекам мирно лето и така се случи. Бев на одмор и кога се вратив почнав да тренирам. Тоа е тоа, нема што повеќе да се каже“, изјави Де Бруин.
Инсинуации за ваков трансфер имаше уште од минатото лето, кога во медиумите се појави информација дека Ал-Итихад е заинтересиран за белгискиот фудбалер.
Кевин де Бруин од почетокот на сезоната 2024/25 настапи на четири натпревари во сите натпреварувања за Манчестер Сити, на кои веќе постигна еден гол и забележа една асистенција.
Актуелниот договор на играчот со „граѓаните“ е до летото 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













