Connect with us

Кек ги изброи Словенците: Облак, Шешко, но и Иличиќ

Селекторот Матјаж Кек го објави поширокиот список на играчи од Словенија за претстојното Европско првенство. „Дежелата“ во Германија ќе игра против Данска, Англија и Србија.

Првата ѕвезда секако е Јан Облак, ѕвезда во развој е Бењамин Шешко, а во тимот има уште неколку одлични играчи.

Еве како изгледа репрезентацијата на Словенија.

Голмани: Јан Облак (Атлетико), Вид Белец (АПОЕЛ), Игор Векиќ (Вејле), Матевж Видовшек (Олимпија)

Одбрана: Јуре Балковец (Аланија), Јака Бијол (Удинезе), Миха Блажич (Лех), Давид Брекало (Орландо), Вања Дркушиќ (Сочи), Ерик Јанжа (Горњик), Жан Карничник (Целје), Петар Стојановиќ (Сампдорија), Жан Залетел (Виборг)

Среден ред: Тими Макс Елшник (Олимпија), Адам Гнезда Церин (Ријека), Џон Горенц Станковиќ (Штурм), Томи Хорват (Штурм), Јасмин Куртиќ (Судтирол), Санди Ловрик (Удинезе), Бенјамин Вербич (ПАО), Миха Зајц (Фенербахче), Адријан Жељковиќ (Спартак Трнава), Нино Жугељ (Бодо Глимт)

Напад: Жан Целар (Лугано), Јосип Иличиќ (Марибор), Јан Млакар (Пиза), Бењамин Шешко (Лајпциг), Андраж Шпорар (ПАО), Жан Випотник (Бордо), Лука Заховиќ (Погон).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови