Хари Кејн го прекина молкот откако Баерн Минхен беше елиминиран од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој се огласи на социјалните мрежи за да го изрази своето разочарување од она што се случи синоќа во Мадрид.
Баерн беше на неколку минути до уште едно европско финале на „Вембли“, но беше елиминиран со два гола во финишот на реваншот на “Сантијаго Бернабеу“. Баварскиот гигант го напушти Мадрид поразен, со вкупен резултат 4-3.
Поразот стави крај на надежите на Баерн за освојување на трофеј оваа сезона. Веќе ја прокоцкаа можноста за титула во Бундес-лигата. Тимот на Томас Тухел испадна и од Купот на Германија во февруари.
Тоа значи дека чекањето на Хари Кејн за неговиот прв голем трофеј мора да продолжи.
Поранешниот напаѓач на Тотенхем, кој минатото лето дојде во Баерн за 82 милиони фунти, беше блиску до солзи по реваншот.
„Уништен сум. Она синоќа беше тешко да се проголта. Горд сум на начинот на кој се боревме во двата натпревари, што кажува сѐ што треба да знаете за духот на овој тим и до каде можеме да стигнеме“, објави Кејн на социјалната мрежа „Х“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













