Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, верува дека тимот има уште многу да покаже и допрва треба да добива на интензитет. Кејн асистираше за голот на Кинсли Коман во победата од 0-1 против Манчестер Јунајтед при неговото прво враќање во Англија по летната преселба од Тотенхем.
„Сите во клубот и навивачите беа неверојатни откако јас пристигнав“, изјави Кејн за „ТНТ Спорт“ по победата.
„Чувствувам дека има уште простор за напредок, сѐ повеќе се запознавам со моите соиграчи и се навикнувам на барањата на тренерот. Само ќе ја зголемиме брзината“, изјави капитенот на Англија.
Кејн има за цел да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
„Дефинитивно имаме доволно способност да одиме далеку на овој турнир. Тоа е целта на клубот, амбицијата од самиот почеток е да ја освои Лигата на шампионите“, рече Кејн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













