Connect with us

Казахстан втор тест за Македонија пред Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има два теста пред заминувањето на Европското првенство. По најавениот пријателски натпревар со Словенија на 1 јуни, три дена подоцна македонските репрезентативци ќе одиграат и меч против Казахстан во Скопје.

„Сите селекции кои настапуваат на Европското првенство ќе имаат по два пријателски натпревари пред настапот на Европското првенство. На 4 јуни ќе тестираме и против Казахстан и тоа ќе биде убава можност да ги провериме сите сили пред заминувањето во Букурешт“, изјави селекторот Ангеловски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови