Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (15 часот) по македонско време во Анталија го има првиот тест во новиот состав. Тимот на Казахстан е денешниот ривал на македонските надежи на турнирот во турскиот туристички центар.
Селекторот Благоја Милевски ќе започне со воигрување на новата генерација која од септември ќе се натпреварува во квалификациите за Европското првенство.
„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации“, вели селекторот Благоја Милевски.
Покрај денешниот меч со Казахстан, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година во Анталија ќе одигра уште два натпревари, против Словачка (27.март) и против Бугарија (29.март).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













